Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

За нас

За нас

ESENSA  d.o.o. е друштво за производство на диететски суплементи, медицински средства, предмети за општа употреба во кои е вклучена козметика и биоцидни прозводи. Основана е 2002 година како производство во рамките на FARMALOGIST, а од 2007 работи под името ESENSA d.o.o. и 100% е во приватна сопственост. ESENSA d.o.o. 2009 година добива дозвола за производство на медицински средства, а 2011 година дозвола за вршење големопродажба на лекови, медицински средства и почетни супстанци за производство, односно изработка на галенски и магистрални лекови во оригинално пакување.

Со политиката на Квалитет и безбедност на производите, ESENSA d.o.o.  ја дефинира својата мисија, визија, цели, како и стратегија за остварување на целите.

Мисија ESENSA d.o.o.е задоволување на барањата на корисниците и надминување на нивните очекувања како и на сите заинтересирани страни, низ постојано јакнење на конкурентска позиција на домашн и светски пазар, со врвен квалитет на производите.

Визија  ESENSA d.o.o. е  да биде водечка организација во регионот во производство на безбедни производи за своите корисници.

Палетата од преку 200 производи ја следат нови стручни сознанија со уважување на потребите на корисниците. Производите на ESENSA се  со единствена формулација, настанати како резултат на сопствен развој, втемелен на знаење и искуство, во комбинација со докажана технологија.

Есенса д.о.о. има сертифицирани системи за управување во согласност со меѓународните ISO стандарди и тоа од страна на сертификациското тело SGS за системот за управување со квалитет според барањата ISO 9001 SGS Сертификат бр. CH08/0344 за развој, производство и продажба на медицински средства, предмети за општа употреба ( козметички и биоцидни производи), додатоци во исхрана, соли и адитиви; за систем за управување со безбедност на храна ISO 22000, SGS Сертификат бр. RS19/0025 за развој и производство на додатоци во исхрана, соли и адитиви; кај сертификациското тело SIQ за системот за управување со квалитет на медицински средства ISO 13485 SIQ Сертификат бр. М-220 за развој, производство, складирање и дистрибуција на неинвазивни медицински средства за локална апликација, фластери, изотермални прекривки, инвазивни медицински средства за назална, орална, усна и примена во интимна регија; за набавка и дистрибуција на стерилни изотонични и хипертонични раствори, изотонични и хипертонични раствори во спреј, орални прашоци и капки, прашоци во спреј, кондоми, и фластери. Некои од нашите производи од категоријата медицински средства, како што е Marisol, имаат CE ознака и се извезуваат на пазарот во ЕУ. Исто така, Есенса има сертификат кој потврдува дека го има имплементирано и го применува системот за Добра производна пракса усогласен со барањата на меѓународните прописи EudraLex Volume IV EU Guidelines to Good Manufacturing Practice (GMP) за развој и производство на додатоци во исхрана во цврста форма (таблети, капсули, прашоци) , додатоци во исхрана во течна форма, медицински средства, предмети за општа употреба (козметика и биоциди), соли и адитиви.

Брендот на ESENSA Marisol е добитник на признанието „Najbolje iz Srbije 2011“.

Најпознати брендови на ESENSA :

  • MARISOL
  • DASA, LUNAC, ZMAJAC  –  EXPULMO сирупи за деца
  • BURЯA козметика
  • BETAVITEVITI
  • BEOGRADSKI MELEM
  • GAVEZ гел
  • SALVI PANTEN ориблети
  • PROTECT CIMET
  • DR PLANT
  • AQUA ICE
  • HYDROSTAR
  • PROPOMINT СПРЕЈ

Производите од асортиманот на ESENSA се продаваат и дистрибуираат на пазарите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Бугарија, Азербејџан, Хонг Конг и Казахстан. ESENSA услужно произведува за компании од Чешка, Словачка, Полска, Романија, Бугарија, Сингапур, Летонија, Литванија, Азербејџан, Украина и Кипар., Letonije,

Нашите производни капацитети ги опфаќаат следните форми:

  • цврсти форми (таблети, капсули)
  • полуцврстиi форми ( масти, креми, гелови)
  • течни форми (сирупи, раствори)

Квалитет на производите, доверба, задоволство на купувачите и нашите деловни партнери се нашата дефиниција за успех. Желба ни е да бидеме лидери на пазарот првенствено во интерес на потрошувачите.


Сертификати

Врати се на врвот