Вивидент хијалурон спрејот содржи хијалуронска киселина на високомолекуларна маса во форма на натриум-хијалуронат во концентрација од 0,2% и пантенол. Пријатниот вкус е постигнат со додавање на спеарминт арома. Вивидент хијалурон спрејот го ублажува воспалението, ги смирува иритираните и отечени непца, ја поттикнува регенерацијата на оштетеното ткиво после стоматолошка интервенција. Наменет е за деца постари од 12 години и за возрасните. Производот не содржи шеќер, туку засладувач сорбитол, па е безбеден за примена кај дијабетичарите.
Вивидент хијалурон спрејот, 30 ml
- 0,2 % Натриум-хијалуронат
- Пантенол
Хијалуронската киселина, е природен составен дел на сврзното ткиво, посебно непцата, кој ја забрзува регенерацијата и зараснувањето на оштетеното сврзно ткиво. Благодарение на антинфламаторното дејствување, помага во акутните состојби на пародонтална болест (гингивитис, пародонтитис) и пружа моментална помош, ублажувајќи ги симптомите на пародонталната болест. Ефикасна е како поддршка на механичката терапија на пародонтитис. Локално применета покажува добри резултати, бидејќи го намалува чувството на затегнување на мекото ткиво на усната шуплина кое трае и до 4 саата.
Пантенол (провитамин Б5) ја намалува инфламацијата, ги регенерира и штити непцата.
Намена:
- Го ублажува воспалението
- Ја поттикнува регенерацијата и
- Ги смирува иритираните и отечени непца