Најчест причинител на инфекција на уринарниот тракт, во 95% од случаите е бактеријата Escherichia coli. Оваа бактерија е вообичаен жител на флората на дебелото црево. Жените, поради физиолошките предиспозиции и пократок мочен канал се подложни на настанок на инфекција.
Се поголем проблем претставува појава на резистенција на бактерии на антибиотици. Од таа причина интензивно се работело на пронаоѓање на алтернативно решение. Во бројните клинички студии е испитувана и потврдена ефикасноста на Д-маноза.
Urimanoza прашок за перорална примена е формулиран на база на Д-маноза и витамин Ц.
Д-маноза е прост молекул на шеќерот, кој природно се наоѓа во брусница, боровница, кајсија, портокал и јаболко. Многу бавно се апсорбира, околу 5 пати побавно од глукоза. Мал дел во организмот прво се преведува во Д-глукоза, а поголем дел на апсорбираната маноза која не може да се трансформира во гликоген и депонира во организмот, доспева во бубрезите после тоа се излачува по уринарен пат. Антиадхезивниот ефект на Д-маноза се објаснува со врзување и блокада на адхезинот FimH кој е одговорен за колонизација на бактерии на ѕидот на мокраќната бешика. Како компетитивен инхибитор на врзување на бактерии, во доволни концентрации во урината, манозата спречува нивно врзување за рецепторите на епителот на уринарниот тракт.