Urimanoza Forte, прашок за перорална примена содржи оптимална комбинација на активни состојки кои со заедничко дејство на природен начин го решаваат проблемот со уринарната инфекција.
Во една кесичка се наоѓаат:
✔ Д-маноза дејствува така што ги привлекува бактериите Escherichia coli во урината, ги врзува за себе и на тој начин спречува нивна адхерација на епителот од уринарниот тракт. Формираниот комплекс на Д-маноза – E. Coli потоа се исфрла преку урината.Ефикасноста на Д-манозата е потврдена со бројни клинички студии. Д-манозата инкорпорирана во формулација Urimanoze Forte е од висок квалитет , со потекло од Германија.
✔ Екстрактот од плод на органски одгледувана брусница од Канада поседува уроантисептично дејство кој спречува адхезија на бактерии на ѕидовите на уринарниот тракт, и ја намалува pH вредноста, што допринесува за создавање на средина непогодна за бактериите. Покрај антиадхезивниот ефект, антибактериските својства и силното антиоксидативно дејство на проантоцијанидин тип А, одговорни се за создавање исклучителни ефекти врз здравјето на уринарниот тракт. Овој висококвалитетен, прочистен, стандардизиран екстракт го карактизира одлична биорасположливост на активни принципи и нивно потентно дејство.
✔ Витамин Ц, есенцијален нутриент со силно антиоксидативно дејство, остварува важна улога во третманот на акутни и превенција на рекурентни инфекции затоа што доведува до намалување на pH вредноста на урината, пто доведува до брзо отстранување на патогените од уринарните патишта.
• Ефикасно и безбедно решение за третман и превенција на инфекции на уринарниот тракт предизвикани од Escherichia coli
• Одржува правилна функција на уринарниот тракт
• Добра растворливост и одлична подносливост
• Пријатна арома на брусница
• За возрасни и деца постари од 3 години