Rehydrosal прашок претставува смеса со пријатна арома на мандарина, која растворена во вода обезбедува надокнада на течности, глукоза и електролити кај доенчиња, деца и возрасни.
Rehydrosal прашок е диететски производ, храна за посебна медицинска наменакоја не вги покрива прехрамбените потреби во целост и мора да се употребува под надзор на лекар. Се користи кај лесна и средна тешка дехидрација на организмот настаната како последица на дијареа, повраќање и изгореници, како и во други состојби следени со зголемени потреби за вода и електролити (на пр. подготовка на пациенти за рендгенски и едноскопски испитувања на дебело црево). Составот и осмоларноста на приготвениот Rehydrosal раствор се во склад
со најновите препораки на Светска здравствена организација, така што натриум, калиум, хлорид, цитрат и глукоза во растворот веќе после 5 минути преминуваат од дигестивниот систем во циркулацијата.
Rehydrosal прашок едноставно се применува и лесно се раствора – 1 кесичка во 200 ml вода.
Едно пакување содржи 10 кесички.
- Глукоза анхидрирана
- Натриум-цитрат дихидрат
- Натриум-хлорид
- Калиум-хлорид
- Природна арома на мандарина
Rehydrosal претставува тераписки избор за правилен надоместок на електролити во превенција на дехидрација и одржување на хидрација кај бебиња, деца и возрасни и во други состојби кои се пропратени со зголемена потреба за вода и електролити.
Натриум, калиум, хлорид, цитрат и глукоза во орален рехидратационен раствор (ORS) веќе после 5 минути преминуваат од дигестивниот систем во циркулацијата.
Се препорачува:
- Кај лесна и средна тешка дехидрација на организмот
- Кај дијареа, повраќања и зголемена телесна температура
- Во превенција на настанување на дехидрација и одржување на физиолошка хидрација на организмот
- Во состојби кои се пропратени со зголемена потреба за вода и електролити.
Содржината на кесичката да се раствори во 200 ml зовриена и до собна температура изладена вода. Растворот се зема во кратки временски интервали, во мали порции (1 кафена лажица или 1 голтка од растворот на секои пет минути). Со цел, достигнување на адвекатно ниво на хидрација, потребно е да се внеси 1-3 l раствор во интервал од 24 h.