Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

ReAktivQ FORTE капсулите, A30

ReAktivQ FORTE капсулите се формулирани на база на два исклучителни антиоксиданси – resVida® транс-ресвератрол и коензим Q10 (CoQ10) кои со синергистичко делување остваруваат позитивно дејство на кардиоваскуларниот и имуниот систем. Додатно, на сите клетки во организмот обезбедуваат потребно ниво на енергија.

Единствена активна состојка – resVida® (транс-ресвератрол со висока чистота, со 99% чист транс-ресвератрол), развиен од страна на научен тим на реномиран холандски произведувач, поседува исклучетелен антиоксидативен потенцијал и механизми на делување кои се подржуваат на здравјето на кардиоваскуларниот систем и правилна метаболичка функција.

Коензим Q10 во ReAktivQ FORTE капсулите (Kaneka Q10®) остварува важна заштитна улога на ниво на сите клетки во организмот и има врвен квалитет – производ е на јапонски лидер во производство на нутритиенти. Потполно е природен и чист, транс-облик, без примеси на синтетски cis – изомер, произведен со примена на водечка јапонска технологија.

Како антиоксиданси во организмот остваруваат многу значајни ефекти, спречувајќи настанување на оштетени клетки предизвикани од десјтво на слободните радикали и штитејќи ги од оксидативен стрес, благотворното влијание на транс-ресвератрол и коензим Q10 се забележуваат на ниво на цел организам.

ReAktivQ FORTE капсулите се препорачуваат за зачувување на здравјето на срцето и крвните садови. Се препорачува земање на една капсула дневно, со што се обезбедува внес од 100 mg транс-ресвератрол и 50 mg коензим Q10.

  • транс-ресвератрол (resVida®)
  • коензим Q10(Kaneka Q10®)

Ресвератрол, полифенол предоминантно присутен во грозјето и црвеното вино, Се смета одговорен за таканаречениот Француски парадокс – факт дека Французите и покрај исхраната богата со масти имаат мала стапка на смртност од коронарни болести на срцето во однос на жителите на останатите западни земји. Нивното умерено, но и редовно конзумирање на црвено вино е еден од факторите кои придонесуваат за разјаснување на овој парадокс со обзир на тоа дека ресвератролот предизвикува кардиопротективна и антипролиферативна улога.

Од сите облици во кои ресвератролот е присутен во природата, транс-изомер е биолошки најактивен и токму овој облик е присутен во ReAktivQ FORTE капсулите.

ResVida®, активна состојка присутна во ReAktivQ FORTE капсулите, претставува синтетски транс-ресвератрол со висока чистота (со 99% чист транс-ресвератрол), развиен од страна на научен тим од реномиран холандски произведувач. Не содржи нечистотии како што се хербициди и пестициди. Благодарение на исклучителниот антиоксидативен потенцијал, како и други механизми на делување, resVida® може да допринеси за одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, когнитивните функции. Неговата структура му овозможува да ја преминe крвно-мозочната бариера, остварувајќи поволно дејство на мозокот и нервниот систем.

Коензим Q10 (CoQ10) e силен антиоксиданс кој природно се синтетизира во организмот, ги штити клетките од оксидативен стрес, но и поттикнува создавање на енергија на клеточно ниво. Има значајна улога во јакнење на имуниот систем бидејќи ткивата и клетките се вклучени во имуниот одговор кој е високо енергетски зависен и затоа им е неопходно присуство на адекватно ниво на коензим Q10.

Инхибира оксидација на ЛДЛ холестеролот.  

Како во средината на четвртата деценија синтезата на коензим Q10  во организмот опаѓа, коензим Q10 се смета еден од биомаркерите на стареење и препорачливо е да се надомести неговиот недостаток со примена на суплементите кои гo содржaт.

Лековите на база на статини (ловастатин, симвастатин, правастатин) ја намалуваат количината на коензим Q10 во организмот, па кај некои луѓе кои се на терапија на овие лекови, се препорачува додатен внес на коензим Q10.

ReAktivQ FORTE капсулите во својата формулација содржат Kaneka Q10® коензим Q10, производ на реномиран јапонски произведувач, во облик на потполно природен, чист, транс – изомер. Производите се примена на водечка јапонска технологија, процес на природна ферментација на квасец. Единствен е коензим Q10 за кои се направени и објавени студии за безбедност и токму  Kaneka Q10®  е користен во бројни клинички студии спроведени во последните 30 години.

Се препорачува:

  • за зачувување на здравјето на срцето и крвните садови,
  • антиоксидативна заштита на структурата и функцијата на нервниот систем
  • лица кои се на терапија со статини
  • особи постари од 35 години – како заштита од штетното дејство на слободните радикали и предвремено стареење
  • за јакнење на имуниот систем

Начин на употреба: Кај возрасни се препорачува една капсула дневно.

Напомена: Додатоците во исхрана не се замена за разноврсна, урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Да се чува  вон дофат на деца.

Предупредување: Производот не треба да го користат деца, трудници и доилки, како и особи алергични на некои од состојките на производот. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Особи кои земаат лекови, производот на база на транс-ресвератрол треба да го конзумираат само со претходна консултација со лекар. Дијабетичарите би требало да се консултираат со лекарот пред земање на коензим Q10 и редовно да го контролираат нивото на глукоза во крвта.

Начин на чување: Да се чува на температура до 250C, на суво и темно место.

Рок на употреба: 3 години.

Пакување: Кутија со 30 капсули во блистер пакувања.

Производител: ESENSA d.o.o. Viline vode bb, Beograd, Republika Srbija, www.esensa.rs

Земја на потекло: Република Србија

Врати се на врвот