Propomint спрејот содржи екстракт од прополис. Прополис е производ на пчелите со кој ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите.
Прополисот традиционално се користел преку 5 000 години. Историски записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.
Прополисот како природен производ претставува смеса од над 150 соединенија, а основните соединенија претставуваат флавоноиди, феноли и терпени. Синергијата на овие компоненти во составот на производот ги овозможува сите позитивни ефекти кои прополисот ги манифестира.