PROPOMINT MED I LIMUN 18 ПАСТИЛИ
Propomint med i limun пастилите се формулирани на база на екстракт од прополис стандардизиран на 10% флавоноид галангин, со што се постигнува оптимален ефект од овој принцип на дејство. Прополисот, благодарение на високата концентрација на флавоноиди кој ги содржи, претставува природна заштита и во потполност ги манифестира сите позитивни дејствија на овој пчелин производ врз човечкиот организам.
Propomint med i limun пастилите се збогатени со арома на лимон, ментол и мед и даваат пријатено чувство на свежина во грлото. Propomint med i limun пастилите се со проверена природна формулација, можат да се користат секојдневно, со цел неутрализација на непријатниот здив.
Не содржат шеќер, така што не влијаат негативно врз здравјето на забите и се погодни за употреба кај дијабетичари и лица на диета.
- Сув екстракт на прополис (стандардизиран на 10% флавоноид галангин)
- Стевиол гликозиди
- Арома на лимон
- Арома на мед
Стандардизираниот екстракт од прополис содржан во пастилите, во потполност ги манифестира сите позитивни дејствија на овој пчелин производ врз човечкиот организам и претставува природна заштита, благодарение на високата концентрација на флавоноиди кој ги содржи. Во производот е инкорпориран екстракт од прополис, произведен со специјална патентирана М.Е.Д. технологија на екстракција. Прополисот може да биде потенцијален алерген, но со употребата на стандардизиран екстракт, можноста да се појави алергиска реакција е сведена на минимум. Прополисот е производ на пчелите со кои тие ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите. Прополисот традиционално се користи преку 5 000 години. Историски записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.
Стевијата е единствена природна замена за шеќер. Тоа е екстракт од билката Stevia Rebaudiana, побезбедна е од останатите засладувачи и нема несакани ефекти на организмот.
Помагаат:
- За пријатно чувство на устата и грлото
- Со цел неутрализација на непријатниот здив