Oto olive oil содржи маслиново масло кое го омекнува церуменот и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво кое се содржи во препаратот ја намалува можноста за развој на бактериски и габични инфекции во увото, додека витаминот А ја стимулира епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото. Растворот може да се применува и превентивно за помагање на природниот процес на чистење на увото и ја спречува појавата на церуминозен чеп, особено кај луѓе кои носат слушни апарати, бидејќи токму тие се подложни на создавање на церуминозен чеп.
OTO OLIVE OIL, 30ml
- Маслиново масло
- Масло од чајно дрво
- Витамин Е
- Витамин А
Маслиновото масло го омекнува церуменот (по принципот “слично се раствара во слично”) и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво кое се состои во препаратот делува како природен антимикотик и противвоспалително средство кое ја намалува можноста за развој на бактериски и габични инфекции на увото, додека витамин А ја стимулира епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото.
Се препорачува:
- Кај прекумерно создавање на церумен
- Кај формиран церуминозен чеп
- Превентивно кај пливачи, нуркачи и лица склони кон инфекции на надворешниот ушен канал
- За одржување на хигиена на ушите
- Кај лица кои носат слушни апарати
- Кај задржување на вода во увото предизвикано од престој во услови на топла, влажна клима, потење, капење или неадекватна употреба на водени раствори за чистење на уши