NailProtect гел против габични инфекции е формулиран врз база на ефикасни природни антимикробни состојки во биоадхезивна гел подлога. Содржи иновативна активна супстанца врз база на естри на млечна киселина добиени од 100% природни извори во комбинација со триетил цитрат, природна антибактериска состојка.
Производот содржи и етерично масло од чајно дрво, природен антисептик, со богат состав (монотерпени, сесквитерпени, цинеол…) што го прави ефикасен во борба против бактерии и габички.
Благодарение на потврдената ефикасност во борбата против предизвикувачите на атлетско стапало, габични инфекции на ноктите и непријатниот мирис, оваа комбинација на активни состојки претставува природна алтернатива на различните агресивни синтетски антимикробни средства.