Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

MARISOL STRONG JET СПРЕЈ ЗА НОС, 120 ml

Marisol Strong Jet е хипертоничен спреј за нос на база на морска вода , природно богата со минерали,  со потекло од заливот Канкал во Франција, прочуена по својот висок квалитет и исклучителната чистота ( Класа А ). Marisol Strong Jet претставува целосно природен назален деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани. 

Marisol Strong Jet е 100% природен, и без конзерванси, додека со посебни технолошки постапки е овозможено да најважните благотворни својства на природната морска вода бидат целосно зачувани. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузокожа, и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина, кои доведуваат до иритација. Marisol Strong Jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.  

Marisol Strong Jet со распрснувањето со  оптимална јачина и млаз во вид на глејзер може да се користи секојдневно и е погоден за примена кај деца од 3 години и возрасни.  Процентуално натриум-хлорид во Marisol Strong Jet-от е 2,2%.

  • Хипертонична прочистена морска вода

Хипертоничните раствори делуваат на тој начин што ги кинат јонските врски на слузта , и на тој начин го намалуваат вискозитетот на секретот и ја апсорбираат водата од мукозата и субмукозата , намалувајќи го отокот на ѕидовите на респираторниот тракт. 

Процент на натриум-хлоридот во  Marisol Strong Jet е 2,2%.

Токму оваа концентрација на сол овозможува моќен осмотски ефект, со кој вишокот на течности од слузницата се отстранува и последично се намалува отокот на назалната мукоза, што резултира со олеснето дишење.  Marisol Strong Jet хипертоничниот раствор за нос со морска вода го стимулира рефлексот на кашлање и исфрлање на секретот , со што се елиминира бронхијалната слуз и се намалува опструкцијата на респираторниот тракт.

Marisol Strong хипертоничен раствор со морска вода во спреј се препорачува кај:

  • Затнат нос
  • Течење на нос
  • Инфекција на параназалните синуси и назофарингеалната слузница
  • Синузит
  • ‘Рчење и зарипнатост предизвикани од сува слузокожа на носот
  • Сувост на носот
  • ОРЛ заболувања, како помошна терапија

Упатство за употреба Marisol Strong Jet

Врати се на врвот