Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Marisol Panthenol 50ml

Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

 

 

 

1 мл спреј содржи 20 мг Ca-D-пантотенат, 9 мг морска сол. Растворувач: прочистена вода. Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.

Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

Кога да се користи Marisol panthenol спреј?

  • за секојдневна хигиена на носот
  • за подобрување на епителизацијата на оштетената носна слузокожа (по примена на вазоконстриктори)
  • кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло
  • кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е пореметена
  • кај лица склони кон сушење на слузокожата на дишните патишта, особено во текот на патувања или престој во простории со централно греење и клима уреди
  • непосредно пред да се употребат капките за нос, со цел да се испере носната шуплина и да се овозможи подобар контакт на лекот со носната слузокожа
  • кај иритација на кожата околу носот, поради често користење на марамчиња
  • по пирсинг

Упатство Marisol panthenol

Врати се на врвот