Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Marisol Imuno 50ml

Marisol imuno спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол, збогатен со цинк. Наменет е лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol imuno растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Цинкот содржан во растворот е олигоелемент кој ги смирува воспалителните просцеси на ниво на слузокожата на носот и дејствува антиоксидативно. Цинкот е важен фактор за одржување на сетилата за вкус и мирис. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

 

 

 

1 мл спреј содржи 2 мг цинк сулфат во облик на хептахидрат, 9 мг морска сол. Растворувач: прочистена вода. Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.

Marisol imuno спреј растворот за нос е изотоничен раствор од морска сол, збогатен со цинк. Наменет е лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol imuno растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Цинкот содржан во растворот е олигоелемент кој ги смирува воспалителните просцеси на ниво на слузокожата на носот и дејствува антиоксидативно. Цинкот е важен фактор за одржување на сетилата за вкус и мирис. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

Кога да се користи Marisol imuno спреј?

  • за секојдневна хигиена на носот
  • кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло
  • кај сува и надразнета слузокожа, чија нормална физиолошка функција е отежната
  • кај лица склони кон сушење на слузокожата на дишните патишта, особено во текот на патувања или престој во простории со централно греење и клима уреди
  • непосредно пред да се употребат капките за нос, со цел да се испере носната шуплина и да се овозможи подобар контакт на лекот со носната слузокожа

Упатство Marisol imuno

Врати се на врвот