Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.
1 мл спреј содржи 37 мг морска сол. Растворувач: прочистена вода. Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.
Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.
Кога да се користи Marisol hypertonica спреј?
- кај затнат нос
- кај акутно воспаление на носната слузница
- кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло (алергиски ринитис)
- кај воспаление на синусите (хроничен синузитис)
- пред употреба на кортикостероидни назални лекови
- за ублажување на последиците од долготрајна примена на капки за нос кои во себе содржат вазоконстриктори
- при проблеми со ‘рчење