Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

MARISOL HYPERTONICA 3% STERILE

Стерилен раствор на натриум хлорид 3%, без конзерванси, во поединечни ампули, чија употреба е хигиенски сигурна и едноставна. Концентрацијата на овој раствор е поголема од концентрацијата на солта во ткивата, па овие ампули може да се користат како природен деконгестив. Поради осмотското дејство, содржината на ампулата  „ја повлекува“ водата од отечените делови и овозможува олеснето дишење. Ампулите може да се користат кај сите старосни групи за терапија со инхалација (со било која врста на инхалатор ) или локално, за третман на назална конгестија.

  • Стерилен раствор на натриум хлорид 3%

Хипертоничниот раствор делува така што ги кине јонските врски на слузта, и на тој начин го намалува вискозитетот на секретот и ја апсорбира водата од мукозата и субмукозата, намалувајќи го отокот на ѕидовите на респираторниот тракт. Го поттикнува рефлексот на кашлица и исфрлање на секрет, со што се елиминира бронхијалната слуз, и се намалува опструкцијата на респираторниот тракт.

Marisol Hypertonica 3% sterile ампули и терапија со инхалација:

  • Индицирана кај пациенти од сите старосни групи кои боледуваат од: бронхиолитис, акутен бронхитис, цистична фиброза и хронична опструктивна белодробна болест  (ХОББ)
  • Индицирана е самостојна или примена со други производи за инхалација, каде претставува помошно средство во инхалационата смеса

 

Marisol Hypertonica 3% sterile ампули и третман на назална конгестија:

  • За активно отстранување на насобраната слуз и чистење на носната шуплина
  • Во случаи на оток на слузокожата на носот кај ринитис и риносинузитис
  • За спречување на секундарни ОРЛ инфекции и компликации

Упатство за употреба Marisol Hypertonica 3% sterile

Врати се на врвот