Quick Konjski balsam е производ формулиран на база на природни состојки. Во себе содржи етерични масла од нане и еукалиптус, кои на местото на примената доведуваат до подобрување на циркулацијата, опуштање на мускулите и ублажување на воспаленијата. Високиот процент на ментолот придонесува за засилено пријатно чувство на ладење на местото на примена и за олеснување на ревматските тегоби. Формулацијата е потполнета со додаток на пантенол, кој ја негува, хидрира и епителизира кожата.
Благодарение на синергетскиот ефект на активните состојки, Quick Konjski balsam помага при болки во мускулите, слаба подвижност на зглобовите, шинување, истегнување и при сите спортски повреди. Поради своето стимулативно дејствување на локалната циркулација, Quick Konjski balsam ги олеснува тегобите од проширени вени, го отстранува чувството на уморни и тешки нозе и ја смалува можноста за појава на грчеви. Се препорачува негова примена за масажи во текот или по спортските активности.
Quick Konjski balsam по нанесувањето на кожата, дава долготрајно и пријатно чувство на ладење. Не ја масти кожата и не остава леплива трага на местото на примена.
Konjski balsam
- етерично масло од нане
- етерично масло од еукалиптус
- ментол
- пантенол
Етеричните масла од нане и еукалиптус, како и ментол на местото на примена доведуваат до подобрување на циркулацијата, опуштање на мускулите и ублажување на воспаленијата.
Етеричното масло од нане има природно аналгетско и анестетичко дејство. Локално применето лади и помага за смирување на мускулно-коскените тегоби проследени со болка и оток. Етеричното масло од еукалиптус помага за смалување на напнатоста во мускулите и ублажување на грчевите. Високиот процент на ментол придонесува за засилено пријатно чувство на ладење на местото на примена и за олеснување на ревматските тегоби. Формулацијата е потполнета со додаток на пантенол, кој ја негува, хидрира и епителизира кожата.
Се препорачува:
- при спортски повреди, шинување и истегнувања
- за ублажување на болка и воспаление на мускулите
- за подобрување на подвижноста на зглобовите
- при тегоби од проширени вени, уморни и отечени нозе, грчеви
- за опуштање на мускулите при масажа