Khan тигровиот крем гел е формулиран врз база на етеричните масла од еукалиптус и каранфилче, ментол и канфор, активни состојки што традиционално се користат како помош кај дегенеративните и воспалителни заболувања на зглобовите и мускулите. Со синергетичкото дејство овие активни принципи ја подобруваат циркулацијата и вазодилатацијата на местото на примената, што доведува до подобра прокрвавеност на ткивото, ублажување на болката и отоците, како и до зголемување на подвижноста на третираниот дел од телото. Каранфилчето покажува ефект на благ природен анестетик, додека ментолот пријатно ја лади кожата и со тоа го ублажува чувството на пецкање, до кое може да дојде поради подобрување на циркулацијата.
Оваа формулација е збогатена со метил салицилат, кој придонесува за ублажување на болките кај ревматичните заболувања, лумбага, невралгија и вкочанетост. Метил салицилатот е изолиран од масло од зеленика, има интензивен мирис, а применет на кожата, доведува до хипереремија (зголемен доток на крвта во кожата). Метил салицилатот е иританс и природен анелгетик, кој локално ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката.
Благодарение на добрата апсорпција на кожата и високата концентрација на делувачките состојки на целното место, производите го смируваат воспалителниот процес, ја зголемуваат прокрвавеноста, при што се постигнува пријатно чувство на топлина и опуштање на мускулите.