GROZOZO STRONG ГЕЛ ПРОТИВ ГРИЦКАЊЕ НОКТИ, 5G
Поради својот горчлив вкус кој потекнува од водениот раствор на денатониум бензоат и екстракт од билка Gentiana lutea, Grozozo strong gel ефикасно помага во одвикнување на корисниците од лоша навика грицкање нокти, која не е само естетски, туку и потенцијален здравствен проблем. Грицкањето нокти може да доведе до развој на инфекции на прстите, како и во самата усна шуплина.
Во Grozozo strong гелот како згуснувач се користи Карбомер, кој не е масен и како таков овозможува брзо впивање на гелот на местото на примена. Пантенолот и екстрактот од прополис претставуваат негувачки состојки. Пантенолот помага при регенерација на чувствителната кожа околу ноктите. Екстрактот од прополис ја храни кожата околу ноктите што ја прави мека и еластична.
• Екстракт од генцијана
• Денатониум бензоат
• Екстракт од прополис
• Пантенол
Непријатниот и горчлив вкус на генцијана (Gentiana lutea) и Денатониум бензоат одвраќа од грицкање на ноктите и трајно ослободува од оваа нехигиенска навика. Екстрактот од прополис дејствува антимикробно и спречува развој на на габични инфекции под површината на ноктната плоча. Пантенолот помага во регенерација на чувствителната кожа околу ноктите и зараснување на болните, задебелени и воспалени заноктици. Grozozo Strong гел против грицкање нокти како подлога содржи специјално формулиран гел кој овозможува подобар контакт на препаратот со кожата и ноктите, постепено ослободување на дејствувачките супстанции, а со тоа и продолжена дејство на гелот на местото на примена.
GROZOZO STRONG гел:
- Помага во одвикнување од грицкање нокти и заноктици
- Спречува пукање и разлистување на ноктите, како и формирање заноктици
- За убави и негувани нокти и нивен здрав раст
- Потполно безбеден препарат за деца и возрасни
Начин на употреба: Да се нанесе тенок слој гел на ноктената плоча и дел од кожата околу ноктите, повеќе пати во текот на денот.