Glucosamin complex капсулите содржат комбинација од 4 основни делувачки принципи што се користат како помош кај отежнатата и болна подвижност на зглобовите: глукозамин сулфат, хондроин сулфат, МСМ и хијалуронска киселина, кои се значајни за процесите на обновување и формирање на ‘рскавицата, подвижноста на зглобовите, како и нивната регенерација.
Glucosamin complex капсулите
- Глукозамин сулфат
- Хондроин сулфат
- МСМ
- Хијалуронска киселина
Глукозаминот придонесува за формирање и обновување на ‘рскавицата. Глукозамин сулфатот го стимулира инкорпорирањето на сулфурот во ‘рскавицата и синовијалната течност и на тој начин ја поттикнува флексибилноста на зглобот и овозможува поцврста врска помеѓу коските на зглобовите.
Хондроитин сулфатот влегува во составот на ‘рскавицата и придонесува за нејзино зачувување така што ја апсорбира водата во сврзното ткиво, јакнејќи ја нејзината флексибилност и отпорност на притисокот.
МСМ – метил сулфонил метанот влијае на цврстината и стабилноста на сврзното ткиво, ја помага функцијата на зглобовите и претставува извор на сулфур кој е од голема важност за коските. МСМ влијае на зголемување на синовијалната течност во зглобовите и ја штити ‘рскавицата од оштетување.
Хијалуронската киселина учествува во изградба на ‘рскавицата. Кај хроничните, воспалителни процеси (остеоартритис) доаѓа до разградување на хијалуронската киселина и оштетувањата на ‘рскавицата. Хијалуронската киселина ја подмачкува и одржува здравата функција на зглобовите, правејќи ја ‘рскавицата помеѓу коските поеластична.
Се препорачува:
- Како помош кај оштетените и болни зглобови
- за подобрување на подвижноста и еластичноста на зглобовите
- за подобрување на подвижноста кај отежнатото движење
- за повторно изградување и регенерација на ‘рскавицата
- на постарите лица
- на спортистите за заштита на зглобовите од оштетување и брзо опоравување по повреда
- за зачувување на здравите зглобови, коските, тетивите и лигаментите
- кај зголементото оптеретување на носечките зглобови (тешка физичка работа, спорт, вишок на килограми)