Ferifolik Direct, прашок за директна примена, формулиран е врз база на железо (во форма на фери-пирофосфат) и фолна киселина, со додаток на витамините Б6 и Б12, кои се неопходни нутриенти за правилен развој на црвените крвни клетки, и витаминот Ц кој влијае на подобра искористеност на железото.
Ferifolik Direct, прашок за директна примена, го обезбедува железото неопходно за создавање на хемоглобинот и црвените крвни зрнца, го намалува чувството на умор и исцрпеност, придонесува за адекватен транспорт на кислород во организмот и правилно функционирање на имунолошкиот систем. Оваа форма на железо идеално го следи современото темпо на живот и овозможува брз, едноставен и конфорен надоместок во секоја можност. Производот е со мошне пријатен вкус, збогатен со арома на шумско овошје. Не содржи шеќер, како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и ацесулфам К, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.