1 шумлива таблета содржи:
- Витамин Ц 80 mg
- Биотин 50 µg
- Витамин Е 12 mg
- Тиамин (Б1) 1 mg
- Рибофлавин (Б2) 4 mg
- Витамин Б6 4 mg
- Витамин Б12 5 mg
- Ниацин16mg
- Пантотенска киселина 5 mg
- Фолна киселина 200 µg
- Калциум 120 mg
- Магнезиум 3 mg
- Цинк 5mg
Биотин е неопходен за метаболизам на глукоза и синтеза на масни киселини. Освен што допринесува за нормален метаболизам на макронутриенти, биотин е значаен за нормално функционирање на нервниот систем, како и за одржување на нормална коса, кожа и слузокожа.
Витамин Б6 има значајна улога во функционирање на нервниот систем затоа што е неопходен за синтеза на невротрансмитери. Неопходен е за создавање на δ-аминолевулинска киселина, синтеза на хем, како и за метаболизам на фолна киселина.
Витамин Б12 влегува во состав на нервните клетки, и е неопходен за одржување на нормалните функции на централниот нервен ситем.
Витамин Б3 или ниацин учествува со бројни биохемиски реакции.
Фолната киселина е од витално значење за формирање на црвени крвни клетки и клеточна делба. Потребите за овој витамин се зголемени во период на брз раст.
Витамин Ц е хидросолубилен витамин кој има бројни улоги во организмот. Овозможува формирање и одржување на колагенот кој се наоѓа во структурната компонента на кожата, лигаментите и коските. Допринесува при зараснување на рани, зачувување на нормалните функции на капиларите, гингивите и забите.
Витамин Е како најважен липосолубилен антиосиданс ги штити мембраните одоксидативни оштетувања.
Калциумот покрај структурната улога, има функција и во одржување на работата на срцевиот мускул, во процесот на коагулација на крвта, во контрола на крвниот притисок. Овозможува мускулна контрактилност, активација на хормони, енизмски реакции и пренос на нервни импулси.
Магнезиум има улога во одржување на нервната спроводливост, одржување на тонусот на крвните садови и релаксација на мускулите.
Efekta Multivitamin шумливите таблети допринесуваат за:
• Правилна функција на имуниот систем (Витамини Б6, Б9, Б12, Ц и цинк)
• Намалување на уморот и исцрпеноста (витамини Б2, Б6, Б9, Б12, Ц, Б5 и магнезиум)
• Нормално функционирање на нервниот систем (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин и магнезиум)
• Правилна психолошка функција (витамини Б1, Б6, Б9, Б12, Ц биотин и магнезиум)
• Заштита на клетките од оксидативен стрес (витамини Б2, Ц, Е и цинк)
• Одржување на нормален енергетски метаболизам (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин, Б5, калциум и магнезиум)
• Правилна функција на мускулите (калциум и магнезиум)
Возрасни и деца постари од 14 години: Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.