Биотин е неопходен витамин за метаболизам на глукоза и синтеза на масни киселини. Освен што допринесува за нормален метаболизам на макронутриенти, биотин е значаен за нормално функционирање на нервниот систем, како и за одржување на нормална коса, кожа и слузокожа.
Витамин Б6 има значајна улога во функционирање на нервниот систем затоа што е неопходен за синтеза на невротрансмитери. Неопходен е за создавање на δ-аминолевулинска киселина, синтеза на хем, како и за метаболизам на фолна киселина.
Витамин Б12 влегува во состав на нервните клетки, и е неопходен за одржување на нормалните функции на централниот нервен ситем.
Витамин Б3 или ниацин учествува со бројни биохемиски реакции.
Фолната киселина е од витално значење за формирање на црвени крвни клетки и клеточна делба. Потребите за овој витамин се зголемени во период на брз раст.
Витамин Ц е хидросолубилен витамин кој има бројни улоги во организмот. Овозможува формирање и одржување на колагенот кој се наоѓа во структурната компонента на кожата, лигаментите и коските. Допринесува при зараснување на рани, зачувување на нормалните функции на капиларите, гингивите и забите.
Витамин Е како најважен липосолубилен антиосиданс ги штити мембраните одоксидативни оштетувања.
Калциумот покрај структурната улога, има функција и во одржување на работата на срцевиот мускул, во процесот на коагулација на крвта, во контрола на крвниот притисок. Овозможува мускулна контрактилност, активација на хормони, енизмски реакции и пренос на нервни импулси.
Магнезиум има улога во одржување на нервната спроводливост, одржување на тонусот на крвните садови и релаксација на мускулите.
Бакар е неопходен микроелемент кој влегува во состав на најголем врој ензими и протеини, во рамки на оние што имаат улога во клеточното дишење, синтеза на меланин, формирање на сврзно ткиво, заштита на клетките од оксидативен стрес.
Цинкот е неопходен за раст, делба и созревање на клетките. Има значајна улога во формирање на коските, како и за активација на витамин А во процесто на вид. Исто така допринесува за нормална функција на имуниот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес.
Јод е есенцијален елемент кој е неопходен за функционирање на штитната жлезда и синтеза на тироидни хормони кои остваруваат низа важни функции во организмот како регулатори на клеточната активност и раст.
Инулин е полисахарид кој се наоѓа во многу билки вообичаени во исхраната. Индустриски се добива најчесто од корен на цикорија. Бројни студии покажале дека инулинот, како пребиотик има влијание на составот на цревната микрофлора. Исто така, како и останатите влакна, инулинот влијае на метаболизмот на холестерол и глукоза, ја подобрува апсорпцијата на минерали, особено калциум и поседува имуномодулаторни својства.
Efekta Multiforte шумливите таблети допринесуваат за:
- Правилна функција на имуниот систем (Витамини Б6, Б9, Б12, Ц, селен, железо, бакар и цинк)
- Намалување на уморот и исцрпеноста (витамини Б2, Б6, Б9, Б12, Ц, Б5 и железо)
- Нормално функционирање на нервниот систем (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин и магнезиум)
- Правилна психолошка функција (витамини Б1, Б6, Б9, Б12, Ц биотин, јод и бакар)
- Заштита на клетките од оксидативен стрес (витамини Б2, Ц, Е и цинк)
- Одржување на нормален енергетски метаболизам (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин, Б5, калциум и магнезиум)
- Нормална функција на штитната жлезда (селен, јод)
- Одржување нормално ниво на глукоза во крвта (хром)
Возрасни и деца постари од 14 години: Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.