Една шумлива таблета содржи:
- Магнезиум 300 mg
- Витамин Б6 1,4 mg
Магнезиумот спаѓа во макроелементи, затоа што во организмот се наоѓа во поголеми количини (околу 25 g). Повеќе од 1/2 од магнезиумот во организмот е вграден во коскената маса, заедно со калциумот и фосфорот. Магнезиумот е неопходен за функционирање на повеќе од 300 ензими вклучени во катаболизам на јаглехидрати и протеини, синтеза на масни киселини, активност на мРНК. Исто така неопходен е за зачувување на интегритетот на клеточните мембрани, нервната спроводливост, одржување на тонусот на крвните садови и релаксација на мускулите.
Витамин Б6 учествува со метаболизам на аминокиселини (деаминација, декарбоксилација, трансаминација, рацемизација). Витамин Б6 има значајна улога во функционирање на нервниот систем бидејќи е неопходен за синтеза на невротрансмитери.
Efekta Magnezijum + B6 допринесува за:
- Нормална функција на мускулите
- Нормално функционирање на нервниот систем и нормална психолошка функција
- Нормална функција на имуниот систем
- Намалување на уморот и исцрпеноста
- Одржување на нормален енергетски метаболизам
- Нормално создавање на црвени крвни зрнца
- Регулација на хормонските активности
Возрасни и деца постари од 14 години: Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.