Една шумлива таблета содржи:
- Калциум 400mg
- Витамин Д3 5 µg
Калциумот сочинува 1-2% од телесната маса и претставува најзастапениот минерал во човечкиот организам. Заедно со фосфорот и магнезиумот ја сочинуваат основната компонента на коските. Покрај структурната улога има функција и во одржување на работата на срцето, процесот на коагулација на крвта, контрола на крвниот притисок, ја овозможува мускулната контрактилност, активација на хормони, ензимски реакции и пренос на нервни импулси.
Витамин Д е липосолубиулен витамин кој е неопходен за регулирање на метаболизмот на калциум во организмот. Неопходен е за ресорпција на калциумот од дигестивниот тракт, за негово вградување во коските и забите, како и за одржување на концентрацијата на калциум во крвта. Освен тоа, витамин Д поседува имуномодулаторни својства, значаен е за одржување на нормална функција на мускулите.
Efekta Kalcijum + D3 шумливите таблети се витаминско-минерален додаток во исхраната сп калциум и витамин Д3, кои допринесуваат за:
- Одржување на нормлани коски и заби.
- Правилна функција на мускулите
- Нормална апсорпција на калциум и фосфор и нормално ниво на калциум во крвта
- Правилна функција на имуниот систем
- Нормално одржување на енергетскиот метаболизам
Возрасни и деца постари од 12 години: Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.