COLLAGENFIX®, течен колаген за перорална примена, претставува иновација во светот на суплементи на база на колаген, благодарејќи на специјалната течна формулација во монодозно пакување со биоактивни пептиди на колаген (Fortigel®) збогатен со витамин Ц, манган, бакар и хијалуронска киселина,чија ефикасност е клинички испитана.
Иновативната, патентирана активна компонента– Fortigel® содржи биоактивни пептиди на колаген кои многу лесно и брзо се апсорбираат во цревата после перорална примена, а потоа се акумулираат во ‘рскавицата, каде значајно ја стимулираат нејзината регенерација. Со поттикнување на обновата на зглобната ‘рскавица, доаѓа до олеснување на тегобите кои се јавуваат на ниво на зглобовите, како што се болка, вкочанетост и намалена подвижност.
Хијалуронската киселина претставува многу значајна компонента на зглобната ‘рскавица и синовијалната течност. Таа ја одржува вискозноста на зглобната течност („го подмачкува зглобот“), допринесува во зачувување на функцијата, како и одржување на здравјето на зглобната ‘рскавица и околните структури..
При перорален внес на хијалуронска киселина, важна улога има нејзиното ниво на апсорпција во организмот– молекулите со мала молекуларна маса подобро се апсорбираат и последично, се постигнува значително поголема биорасположливост. Во COLLAGENFIX® е инкорпориран токму овој фрагментиран, високо биорасположлив облик на хијалуронска киселина.
Спрема резултатите од спроведените студии, перорално внесената нискомолекуларна хијалуронска киселина (со многу висока биорасположливост) ги стимулира хондроцитите – клетките на ‘рскавицата, да создаваат хијалуронска киселина во организмот. Како резултат на овој процес, доаѓа до намалување на отокот и подобрување на функцијата на зглобовите.
Витаминот Ц допринесува за правилна синтеза на колаген, додека минералите манган и бакар допринесуваат за физиолошко создавање и одржување на функцијата на сврзното ткиво, со што овие 3 состојки остваруваат дополнително позитивно влијание на здравјето на коските и зглобовите.Покрај тоа, овие компоненти на COLLAGENFIX пружаат и силна одбрана на организмот од дејството на слободните радикали и оксидативниот стрес.
Комбинацијата на присутните активни состојки во препаратот обезбедува и бројни позитивни ефекти на кожата и косата, пружајќи им квалитетна нега од внатре и убав и здрав изглед.
Формулата течен колаген во ќесичка овозможува исклучително комфорна и едноставна примена – содржината се консумира директно од ќесичка, без потреба за разблажување пред употреба.