Витамин Ц припаѓа во групата витамини растворливи во вода и е есенцијален за бројни биолошки процеси. Благодарение на антиоксидативното и имунопротективно дејство, се препорачува негова превентивна примена со цел правилна функција на имунoлошкиот систем, особено во сезони на настинки и вируси. Неопходен е за синтеза на колаген, протеин кој влегува во состав на сврзното ткиво.
CEVITAL ВИТАМИН Ц ТАБЛЕТИ, 500 mg
- 1 таблета содржи 500 mg витамин Ц ( Л-аскорбинска киселина)
Витамин Ц има важна улога во повеќето оксидо-редукциони процеси во организмот и е вклучен во повеќе од 300 биолошки процеси. Неопходен е за метаболизмот на аминокиселини, невротрансмитери, холестерол, фолна киселина и железо. Докажано е дека природниот и синтетскиот витамин Ц се идентични, односно дека имаат еднаква биорасположливост и биолошко дејство. Витаминот Ц е неопходен за синтеза на колагенот и другите компоненти на сврзното ткиво .
Витамин Ц се пропорачува за :
- За правилна функција на имунолошкиот систем
- Во заштита на клетките од оксидативен стрес
- За нормално функционирање на нервниот систем
- Во намалување на заморот и исцрпеноста
- Во зголемена апсорпција на железото
- За правилна функција на гингивите