Витамин Ц е есенцијален нутриент, односно, човечкиот организам нема способност да го синтетизира. Во организмот, молекулите на витамин Ц брзо се разградуваат, па неопходно е да се обезбеди адекватен внес од овој витамин секој ден. Покрај својата најпозната улога „витамин на имунитет“, значаен е како исклучително силен антиоксиданс кој помага во заштита на клетките од оштетување од слободните радикали кои настануваат поради стрес, пушење, повреда, инфекција, загадување, но и во тек на природни метаболички процеси.
Со своето протективно дејство позитивно делува и придонесува во одржување на здравјето на дишните патишта. Витамин Ц фаворизира детоксикација на организмот, подобрува ресорпција на железото и има важна улога во одржување на здравјето на кожата, коските, забите, крвните садови, нервниот систем и многу метаболички процеси кои се одвиваат во нашето тело.
Цинк е есенцијален елемент со улога на катализатор во организмот, со структурна и регулаторна функција во повеќе од 200 металоензими кои ги содржат. Придонесува за раст и развој, сексуално созревање и репродукција, прилагодување на видот во темница, олфакторна и густативна сензација, правилен метаболизам на јагленихидрати и инсулин и многу други процеси во телото. Во Cevital Forte Direct гранулите, цинкот се наоѓа во облик на цинк цитрат кој поседува одлична биорасположливост.
Ацерола, плод од карипска цреша, е еден од најбогатите извори на витамин Ц на светот. Покрај витамин Ц, плодот од ацерола содржи и флавоноиди, бета каротен, витамини Б1,Б2,Б3, Б5, како и минерали магнезиум и калиум.
Плодот од шипка е природен извор на витамин Ц, но содржи и многу други молекули кои поседуваат биолошка активност, како што се флавоноиди, процијанидини, катехини, антоцијанини, каротеноиди и други.
Cevital Forte Direct содржи стандардизирани екстракти од овие плодови, овозможувајќи зголемено дејство на витамин Ц и цинк во борба за здрав имунитет.
Деца од 14 години и возрасни: 1 кесичка дневно. Испразнете ја содржината од една кесичка во уста, пуштете полека да се растопи и проголтете.