BURЯA Sun Face & Body milk SPF 50+ млеко за заштита на кожа на лице и тело штити од штетно зрачење бо широк опсег на ултравиолетови (UVA/UVB) и инфрацрвени (IR-A) зраци. Покрај хемиски, содржи и инкапсулуран титан-диоксид како физички филтер и матични клетки на планинска брусница кои обезбедуваат одбрана од IR-A зрачења. Благодарение на присуство на физичките, намалена е концентрацијата на хемиските филтри во производот, така што значително е намален ризикот од алергиски реакции на хемиските филтри. Технолошки е постигнато, титан-диокдид, физички UVA/UVB филтер да е обложен и инкорпориран, па затоа производот не остава бели траги на кожата. Матичните клетки на планинска брусница, штитат од IR-A зраци и заедно со ектоинот делуваат антиоксидативно, превенирајќи настанување на фотостареење и дехидратација на кожата.
BURЯA Sun Face & Body Milk SPF 50+ има воодотпорна формулација која е постигната со додавање на иновативни полимери.
Поради високиот потенцијал на заштита од сонце и интезивна хидратација, BURЯA Sun Face & Body milk SPF 50+ се препорачува за заштита на детска и чувствителна кожа на возрасни.
- Висок степен на заштита на кожата на лице и тело од UVA/UVB/IR-A зраци
- Со ектоин кој ја штити кожата од фотостареење
- Лесно се нанесува, не остава бели траги
- Водоотпорна формулација
- Прилагодено за сите возрасти
- Без парабени