BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ поседува висок потенцијал на заштита од UVA/UVB i IR-A зраци и интензивно ја хидрира кожата, па се препорачува како идеално средство за заштита на осетлива кожа на лицето од сонце, за сите фототипови на кожа. Со комбинацијата од минерални и органски филтери, како и екстракт од матични клетки на планинска брусница во препарататот BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ постигнат е ефектот на широкоспректрална UV i IR-A заштита.
Титан-диоксид е како ефикасен минерален филтер инкорпориран во препаратот, каде што овозможува заштита од UVB и дел од UVA зрачења. За разлика од класичните препарати за заштита од сонце кои го имаат во својот состав, во BURЯA SUN кремот за лице, тој е обложен со специјални технолошки постапки, и е постигната оптимална заштита, но без оставање на бели траги по нанесување.
Органски филтри во формулацијата (авобензон, октокрилен и оксиноксат) допринесуваат за постигнување на најголеми SPF вредности на производот и комплентна UVA заштита на кожата.
Екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) го засилува природниот антиоксидативен одговор на клетките на IR зрачење, го намалува воспалението на кожата предизвикано од UVB зрачење и покажува директно антиоксидативно дејство, бидејќи содржи висок процент на моќни природни антиоксиданси – полифеноли. Топикална примена на препаратот на база на екстракт од матични клетки на планинска брусница доведува до спреќување, како и обновуваање на оштетување на клетките настанати од дејство на UVB и IR-A зраци (како што се дехидрација, рапавост на кожата, појава на бори и хиперпигментација, губиток на цврстина, волумен и еластичност).
Ектоин во препаратот има улога да ја заштити кожата од високи температури, високи концентрации на соли и јаки UV зрачења, бидејќи има потенцијал да формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Ја хидрира кожата, ја смирува и регулира нејзината бариерна функција, штитејќи ја од фотостареење.
BURЯ® SUN Face Cream SPF 50+ има водоотпорна формулација која е постигната со додавање на мултифункционален полимер кој овозможува задржување на производот на кожата за време на престој во вода, како и после излегување од водата, под услов кожата да не се бриши со крпа. Водоотпорноста на спрејот се согледува во фактот дека под наведените услови 97% од декларираната SPF вредност се одржува и до 80 минути по потопување во вода.
- Погоден за чувствителна кожа на лицето
- Висок степен на заштита од UVA / UVB / IR-A зраци
- Ектоинот ја штити кожата од фотостареење
- Лесна и немасна текстура која брзо се впива
- За сите типови кожа
Дејство: BURЯA® SUN Face Cream SPF 50+ е ефикасен препарат за заштита на чувствителната кожа на лице од сонце бидејќи содржи комбинација на минерални (титан-диоксид) и органски (авобензон, октокрилен и октиноксат) UV филтри, како и екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) кој обезбедува ефикасна одбрана од IR-A зраци. Ектоинот во производот дополнително ја штити кожата од фотостареење, бидејќи формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Препаратот е водоотпорен и погоден за примена кај сите фототипови на кожа.
Начин на употреба: Се нанесува на кожата на лице, врат и деколте 15 минути пред изложување на сонце. За постигнување на најдобри заштитни ефекти, се препорачува повторување на постапката на секои 2 часа.
Употребливо до: 10.2022. Датумот на производство е содржан во серискиот број втиснат на дното на тубата.