Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

BURRA SUN FACE & BODY SPRAY SPF30, 200ML

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 завзема посебно место во  BURЯA SUN колекцијата, со обзир на тоа што обезбедува невидлива, рамномерна заштита на кожата на лицето и телото од UVA, UVB и IR-A зраци, правејќи ја нежна и хидрирана. Поседува водоотпорна формулација и наменет е за цела фамилија и поради својата мултифункционалност е исклучително практичен.   

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 се карактеризира со:

  • Ефикасна заштита од UVA/UVB/IR-A зраци за сите фототипови на кожа
  • Лесна и немасна текстура која не остава бели траги на кожата
  • Водоотпорна формулација
  • Присуство на ектоин кој штити од фотостареење остварувајќи „anti-age“ ефект
  • Присуство на „SPF booster-a“ кој ја зголемува ефикасноста на присутни UV филтри
  • Отсуство на парабени
  • Октокрилен – органски UVB филтер кој делумно штити и од еден дел на UVA спектарот
  • Авобензон – органски UVA филтер
  • Октиноксат – органски UVB филтер
  • Хомосалат – органски UVB филтер
  • Екстракт од матични клетки на планинска брусница кој овозможува ефикасна IR-A заштита
  • Мултифункционален полимер кој обезбедува водоотпорност
  • Витамин E
  • „SPF booster“
  • Ектоин

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 овозможува широкоспектрална UV и IR-A заштита и интензивно ја хидрира кожата, па се препорачува како идеално средство за заштита на кожата на лицето и телото од сонце, за сите фототипови на кожа.

Комбинација на органски филтри и екстракт од матични клетки на планинска брусница во формулацијата на препаратот BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30  oбезбедува сигурна заштита од сончевите зраци како и ефикасна превенција од настанување на фотооштетување.

Екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) го засилува природниот антиоксидативен одговор на клетките на IR зрачење, го намалува воспалението на кожата предизвикано од UVB зрачење и покажува директно антиоксидативно дејство, бидејќи содржи висок процент на моќни природни антиоксиданси – полифеноли.

Топикална примена на препаратот на база на екстракт од матични клетки на планинска брусница доведува до спреќување, како и обновуваање на оштетување на клетките настанати од дејство на UVB и IR-A зраци (како што се дехидрација, рапавост на кожата, појава на бори и хиперпигментација, губиток на цврстина, волумен и еластичност).

Ектоин во препаратот има улога да ја заштити кожата од високи температури, високи концентрации на соли и јаки UV зрачења, бидејќи има потенцијал да формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Ја хидрира кожата, ја смирува и регулира нејзината бариерна функција, штитејќи ја од фотостареење.  

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 има водоотпорна формулација која е постигната со додавање на мултифункционален полимер  кој овозможува задржување на производот на кожата за време на престој во вода, како и после излегување од водата, под услов кожата да не се бриши со крпа. Водоотпорноста на спрејот се согледува во фактот дека под наведените услови 94% од декларираната SPF вредност се одржува и до 80 минути по потопување во вода.

Се препорачува за:

  • За заштита на кожа на лице и тело од UVA, UVB i IR-A зраци
  • Нега и хидратација на кожата
  • Превенција од фотостареење
  • Деца и возрасни

Спрејот се нанесува на кожата рамномерно и обилно, 15 минути пред изложување на сонце. За постигнување на најдобри заштитни ефекти, се препорачува повторување на постапката на секои два часа.

Врати се на врвот