BURЯA Active Age Defense Night Cream (ноќен крем) благодарение на богатата формулација обезбедува полна доза енергија која е потребна за поттикнување на регенерација на кожата во текот на ноќта.
Burra Active Age Defense Night Cream
- Екстракт на зелена алга Euglena gracilis
- Caprooyl Tetrapeptide-3
- хијалуронска киселина
- бета-глукан
- масло од марула
- масло од арган
Екстрактот од алгата Euglena Gracilis има хронобиолошки ефект на подигнување на енергијата на клетките на кожата, се бори против знаците на замор, го зголемува тонусот и цврстината на кожата. Се препорачува за ноќна нега, со цел да се поттикне клеточниот метаболизам за време на фазата на опоравување на кожата.
Caprooyl Tetrapeptide-3 ги стимулира нормалните метаболички процеси и синтезата на важни структурни кожни протеини. Притоа на прво место е синтезата на клучните компоненти од дермо-епидермалниот спој: колаген VII, фибронектин и ламинин. На овој начин Caprooyl Tetrapeptide-3 ја зајакнува структурата од врзnото ткиво на дермо-епидермалниот спој, спречувајќи го неговото израмнување кое се појавува со текот на годините.
Со дејството на пептидите врз кожата се намалува појавата на фини линии и брчки и се обезбедува континуирана рехидратација и регенерација на зрелата кожа.
Хијалуронската киселина е природна состојка во кожата која обезбедува нејзина хидратација. Молекулите на хијалуронската киселина ја акумулираат и врзуваат за себе водата, и токму таа особина ѝ дава на кожата ведрина и младост.
Аргановото масло ја подобрува микроциркулацијата и овозможува максимално потхранување на клетките на кожата, ја надоместува влажноста, го изедначува тенот, ги намалува брчките, ја затегнува, регенерира и подмладува кожата.
Маслото од марула обезбедува долготрајна хидратација, штити и подмладува, а кожата лесно и брзо го апсорбира.
Бета-глуканот е природен полисахарид кој ја поттикнува активноста на имунолошкиот систем и синтезата на колаген. Стимулирајќи ги природните регенеративни процеси, ја одржува оптималната влажност на кожата и ја заштитува од надворешни влијанија.
- Ја смирува и храни кожата, а воедно ја поттикнува и нејзината регенерација
- Видливо ги ублажува постоечките брчки
- Ја зголемува цврстината и еластичноста на кожата
- Богата текстура, го забавува процесот на стареење