Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Burra Active Age Defense Day Cream

BURЯA Active Age Defense Day Cream (дневен крем) е наменет за секојдневна нега и регенерација, формулиран да ги задоволи специфичните потреби на кожата кај сите оние кои се константно изложени на негативното влијание на надворешните фактори и стрес.

 

  • Caprooyl Tetrapeptide
  • хијалуронска киселина
  • бета-глукан
  • масло од марула 
  • арган

Caprooyl Tetrapeptide-3 ги стимулира нормалните метаболички процеси и синтезата на важни структурни протеини на кожата, на прво место синтезата на клучните компоненти на дермо-епидермалниот слој: колаген VII, фибронектин и ламинин.

На овој начин Caprooyl Tetrapeptide-3 ја зајакнува структурата на врзивното ткиво на дермо-епидермалниот спој, спречувајќи го неговото израмнување кое се појавува со текот на годините.

Со дејството на пептидите врз кожата се намалува појавата на фини линии и брчки и се обезбедува континуирана рехидратација и регенерација на зрелата кожа.
Хијалуронската киселина е природна состојка во кожата која обезбедува нејзина хидратација Молекулите на хијалуронската киселина ја акумулираат и врзуваат за себе водата, и токму таа особина ѝ дава на кожата ведрина и младост.

Аргановото масло ја подобрува микроциркулацијата и овозможува максимално потхранување на клетките на кожата, ја надоместува влажноста, го изедначува тенот, ги намалува брчките, ја затегнува, регенерира и подмладува кожата.
Маслото од марула обезбедува долготрајна хидратација, штити и подмладува, а кожата лесно и брзо го апсорбира.

Бета-глуканот е природен полисахарид кој ја поттикнува активноста на имунолошкиот систем и синтезата на колаген. Стимулирајќи ги природните регенеративни процеси, ја одржува оптималната влажност на кожата и ја заштитува од надворешни влијанија.

  • Обезбедува висок степен на хидратација
  • Видливо ги ублажува постоечките брчки и фини линии
  • Може да се користи како подлога за шминка
  • Идеална лесна текстура, кожата брзо го впива
Врати се на врвот