BURЯA White Glow Skin lightening cream, 40 ml
BURЯA® White Glow Skin lightening крем е крем за избелување на пигментните флеки на кожата, со единствена комбинација на активни принципи. Кремот е лесна, немасна структура која силно делува на хиперпигментација на кожата, намалувајќи ја нивната видливост. BURЯA® White Glow го подобрува целокупниот изглед на кожата, нејзината боја и текстура, и дава посебен сјај, правејќи го тенот блескав и совршено изедначен.
Содржи три ефикасни принципи кои остваруваат синергистичко дејство:
- Биомиметички инкапсулиран пептид, иновативна состојка која значајно ги осветлува пигментните флеки на кожата после само 4 недели примена, што е потврдено со клинички студии;
- Екстракт од корен од јапонска ангелика која диспергира веќе формиран меланин и така ја намалува видливоста на постоечките несовршености;
- Екстракт од плод од Какада слива, извор на витамин Ц (дури 100 пати повеќе од портокал) со исклучителен антиоксидативен потенцијал.
BURЯA® White Glow содржи и драгоцено масло од марула и арганово масло кои интезивно ја негуваат кожата.
Освен на лице, BURЯA® White Glow може да се користи и во пределот на вратот, деколтето, надлактиците и други делови на телото со хиперпигментација. Делува на сите типови на кожа, вклучувајќи и старечки флеки и пеги, белези од акни и други траги на кожата настанати како последица од различни инфламаторни процеси (постинфламаторна хиперпигментација).
BURЯA® White Glow крем е погоден за сите фототипови на кожа и не содржи вештачки бои, ниту парабени.
- Биомиметички инкапсулиран пептид за избелување на кожа
- Екстракт од корен од јапонска ангелика
- Екстракт од плод од Какада слива
- Масло од марула
- Арганово масло
Биомиметички инкапсулиран пептид за избелување на кожа, иновативна состојка која со специјален механизам ја инхибира синтезата на меланин и значајно ги осветлува пигментните флеки на кожата после 4 недели примена, што е потврдено со клинички студии. Додатна предност на оваа состојка е постоењето на специјална фосфолипидна капсула која овозможува подобро продирање на пептидите во кожата.
Екстракт од корен од јапонска ангелика диспергира веќе формиран меланин и така ја намалува видливоста на постоечките несовршености.
Екстракт од плод од Какада слива, извонреден извор на витамин Ц (дури 100 пати повеќе од портокал), покажал извонредни клинички резултати во поглед на намалување на појавата и видливоста на борите и зголемување на сјајот на кожата после само две недели примена. Поради високата содржина на витамин Ц, плод од Какада слива, поседува и исклучителен антиоксидативен потенцијал.
Масло од марула е моќен антиоксиданс и идеален е за хидратација на сите типови на кожа.
Арганово масло одамна е познато како одлична состојка за нега на кожата – содржи антиоксиданси витамин А и Е, како и заситени и незаситени масни киселини.
- Силно намалување на видливоста на пигментните флеки на кожата
- Клиничка докажана ефикасност на активни состојки
- За сите фототипови на кожа
- Погоден за континуирана примена
- Некомедогена формулација
- За жени, мажи и тинејџери
- Без вештачки бои и парабени