Betavitevit коензим Q10 е додаток во исхраната кој во својот состав содржи пивски квасец и коензим Q10.
Коензимот Q10 присутен во овој препарат е производ на реномиран јапонски производител, добиен при процесот на ферментација на квасецот и целосно е биолошки идентичен со коензимот Q10 кој се создава во човековиот организам и кој е неопходен при процесот на настанување на енергија потребна за нормално функционирање на клетките.
Намалување на нивото на коензимот Q10 во организмот по 35-тата година од животот особено ги погодува органите на кои им е потребно најмногу енергија за да функционираат, а тоа се срцето, белите дробови, црниот дроб и бубрезите.