Beogradski мелем е производ со оригинална формулација, направен од состојки со природно потекло кои традиционално се користат за нега и регенерација на кожата. Наменет е за заштита на кожата од штетните секојдневни влијанија, а овозможува и исклучително хидрирачко и регенерирачко дејство.
Beogradski мелем
- Пчелин восок
- вазелин
- какао путер
- прополис
- мед
- масла од бадем
- гроздови семки
Пчелиниот восок, вазелинот, какао путерот и бадемовото масло ја хранат кожата, ја омекнуваат и ѝ го враќаат сјајот и влажноста. Овие состојки исто така придонесуваат за побрзо заздравување на оштетената и испукана кожа. Маслото од гроздови семки, богато со природни антиоксиданси, претставува идеално средство за ревитализација на кожата. Прополисот присутен во мелемот го ублажува црвенилото и иритацијата на кожата, додека медот помага кожата да остане затегната, хидрирана и сјајна.
Се препорачува:
- За нега и регенерација на тврда, груба и испукана кожа
- Кај сите наследни или стекнати состојби кои се одликуваат со сува или испукана кожа, како и кожа која се лупи и првути
- За нега и заштита на кожата која е постојано изложена на неповолни влијанија од околината, како кожата на рацете
- За нега на усните, кожата околу очите, заноктиците, рагадите
- Како помош при третирање на екцеми и псоријаза