Цветот на планинска арника (Arnika Montana), повеќегодишно растение познато меѓу народот како брденка, вепровец и волчји заб кое расте на планинските пасишта во Средна Европа со ладна и влажна клима над 1000 м надморска височина. Содржи бројни активни принципи на сесквитерпенски лактони, етерични масла, флавоноиди. Активните принципи, а пред сѐ сесквитерпенскиот лактон хеленалин имаат антимикробно, антифлогистично, антиинфламаторно, аналгетично и антиревматско дејство.
Коренот на ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens), растение од семејството на сусамот кое потекнува од Јужна Африка. За нејзината примена во Европа е заслужен германскиот доктор и ботаничар Ото Хајнрик Волк кој го открил нејзиното извонредно дејство во Намибија во текот на Втората Светска Војна. Името го добила по коренот што потсетува на канџа. Содржи хетерозид харпагозид и актеозид кои имаат антиинфламаторно и благо анелгетично дејство.
Коренот на гавезот (Symphytum officinale), плевел кај народот попознат како црн гавез, коњска опашка или воловски јазик. Расте на влажните ливади во Средна Европа. Ова растение има долга употреба во традиционалната медицина и помага кај скршеници на коските, израстоци на коските, оштетувања на пршлените, отвдлини од гихт, деформации на палецот (чукаљ), костоболки. Содржи етерични масла, танин, слузави материи и ретката супстанција алантоин, кој го стимулира растот и размножувањето на клетките и регенрацијата на ткивата, помага кај воспалување на тетивата и зглобовите, хематомите и отоците.
Кората од бела врба (Salix alba), листопадно дрво кое расте претежно во јужна и средна Европа но и во Северна Америка. Во традиционалната медицина се употребува кората од бела врба која содржи флавоноид, танин и фенолен гликозид од кои најзначаен е салицинот кој има антиинфламаторно и аналгетично дејство. Салицинот во 19 век од кората на белата врба го изолирал францускиот хемичар Лерокс кој во современата медицина послужил како прототип за ацетилсалицилна киселина.
Дејство: Arnibol® Арника гелот претставува комбинација на четири билни екстракти: цвет од арника, корен од гавез, корен од ѓаволска канџа и кора од врба кои традиционално се користат во третман на мускулно скелетни пореметувања. Активните принципи кои потекнуваат од овие екстракти даваат противвоспалително и аналгетско дејство, поради што примената на Arnibol® Арника гелот се препорачува кај болки, воспаленија и вкочанетост во зглобовите и мускулите од различна етиологија (после истегнувања, исчашувања, контузии, кај присуство на ревматски болести) како и кај отоци, подливи и модрици.
Начин на употреба: Гелот се нанесува неколку пати дневно на болното место и со кружни движења се втрива се до потполно впивање. Arnibol® Арника гелот брзо продира во кожата, и не остава масни траги.
Напомена: Само за надворешна употреба. Да се избегнува контакт со очи, слузокожа или оштетена кожа. Доколку дојде до контакт, веднаш да се исплакне со вода. Не се препорачува за лица осетливи на некоја од состојките. Деца помали од 12 години, трудници и доилки можат да го користат производот по консултација со лекр или фармацевт.
Начин на чување: Да се чува на собна температура до 25ºC. Да се чува вон дофат на деца.
Рок на употреба: 3 години. Датумот на производство се содржи во серискиот број втиснат на дното на тубата.