Aqua ice рол-он се користи како помош за ублажување на болките и отоците настанати како последица на нагмечување и исчашување, кај спортските повреди, ишијас, лумбаго, неуралгија, артритис.
Етарското масло од зеленика присутно во Aqua ice рол-онот, дејствува антиинфламаторно, спазмолитички и аналгетски; преку синергизам со етарското масло од нане многу брзо го постигнува своето дејство со пријатно локално чувство на ладење.
- етерско масло од зеленика
- еукалиптус
- бор
- каранфилче
- нане
- екстракти од арника и корен од врба
- како
- ментол
- камфор
Нанесувањето со помош на рол-он топче овозможува производот лесно да се размачкува и го прави пријатен за кожата.
Aqua Ice препаратите аплицирани на целното место доведуваат до ширење на крвните садови, при што се зголемува протокот на крв и се јавува најпрво чувство на топлина, а потоа и чувство на ладење.
На овој начин се блокира преносот на болните импулси од коскено-мускулните структури и чувството на болка исчезнува. Салицилатите присутни во екстрактот на врбата помагаат при ублажување на болката и спречуваат развој на воспалителните процеси, што придонесува за севкупната ефикасност на препаратот.