Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

BURЯA STRIEX & TATTOO KREM COLLAGEN BOOSTER

BURЯA Striex & Tattoo е крем со уникатна формулација врз база на пантенол, ши путер, какао путер, витамин Е и дополнителна револуционерна состојка: екстракт од билката Bulbine Frutescens, наменет за превенција на појава и третирање на веќе постоечки стрии. Претставува идеален третман за нега на кожата на телото и после третмани на тетоважи  овозмжувајќи постојаност на внесениот пигмент во кожата и длабинска хидратација. Го забрзува процесот на регенерација на врзното ткиво на кожата веќе после првото нанесување. Освен што придонесува во намалување на стриите на третираните регии, после нанесување на кремата, структурата и тонусот на кожата значително се подобруваат. Се советува и се препорачува како превентивна нега на кожата на телото кај трудници, доилки и адолесценти, а не само како третман за отстранување на постоечки стрии.

  • Bulbine Frutescens Leaf Juice
  • Пантенол
  • Ши путер
  • Какао путер
  • Витамин Е

Bulbine Frutescens Leaf Juice е колаген „booster“, па го забрзува процесот на регенерација и обнова на врзното ткиво на кожата веќе после првото аплицирање. Ја активира синтезата на про-колаген, создавајќи нов квалитетен колаген. Лековитите својства на сокот од ова растение се научно докажани. Оваа активна компонента во кремот ги подобрува својствата на кожната бариера и метаболизмот на клетките, го олеснува транспортот на вода и глицерол во базалниот слој на епидермисот, намалувајќи го губитокот на вода во поткожното ткиво, со што се зголемува хидратацијата, цврстината и еластичноста на кожата. Пантенолот допринесува во врзувањето на водата во клетките, поради што ја подобрува длабинската хидратација на ткивата. Делува антиинфламаторно и ги смирува воспалителните процеси на кожата. Ши путерот и какао путерот делуваат емолиентно на кожата и ја штитат од сушење и неповолни надворешни влијанија. Витамин Е како силен антиоксиданс, ги штити клетките на кожата од оштетување и фотостареење. Обновувачкиот хидролипиден филм на површината на кожата, здружен со дејството на активните состојки дополнително ја исхрануваат кожата. Кремот ја подобрува оксигенацијата, доведува до подобра исхрана на ткивото, влијае на создавање на нови крвни садови и ја стимулира синтезата на колаген. Остава многу пријатно чувство на кожата и комфорен е за третирање на стрии кои зафатиле поголема регија.

Се препорачува:

  • За длабинска хидратација на кожата на телото во насока на превенција на стрии и ублажување на веќе постоечки стрии
  • По тетовирање на кожата за одржување на постојаност на внесениот пигмент
  • За нега на кожа на трудници и доилки
  • За подобрување на еластичноста на кожата
  • За нега на кожата кај варијации во телесната маса – слабеење, гојазност

Uputstvo BURЯA Striex & Tattoo krem

Врати се на врвот