Vaši lični podaci će se koristiti za podržavanje vašeg iskustva na ovoj veb stranici, za upravljanje pristupom vašem nalogu, kao i za druge svrhe opisane na našoj stranici politika privatnosti.

Magnevital MAGNEZIJUM HLORID GEL

Magnevital Magnezijum hlorid gel joni za opuštanje е формулиран на база на магнезиум хлорид, којшто брзо се ресорбира преку кожата, а ефектот од дејствувањето се чувствува набргу по нанесувањето на производот. Со своите својства за смирување на организмот, го олеснуваат настапувањето на сонот, помага при состојби на нервна напнатост, стрес, исцрпеност, премор и несоница. Ја подобрува хидратацијата на кожата, ја смалува вкочанетоста и чувството на тежина во нозете, што е особено важно за постарите лица и за лицата што слабо се движат или долго седат. Има благотворно дејство при болки и грчеви во мускулите (стапала, листови, раце). Во својот состав содржи и етерски масла од лаванда и еукалиптус, па неговата примена се советува превентивно на професионалните спортисти или рекреативци, со цел опуштање на мускулите пред тренинг. Гелот може да се користи за подготовка на купки за опуштање, како и да се втрие на пределот на слепоочницата при главоболки и мигрени.

  • магнезиум хлорид
  • етерско масло од лаванда  
  • етерско масло од еукалиптус

Магнезиумот е есенцијален минерал неопходен за правилно функционирање на нервниот и мускулниот систем, на срцето и крвотокот. Покажува смирувачко дејство на нервниот систем, помага при анксиозност, раздразливост и придружните симптоми на ПМС. Овој минерал ја одржува кожата еластична, ги намалува воспаленијата и ја зголемува хидратацијата на ќелиите на кожата. Неговиот недостаток предизвикува хроничен замор, пад на концентрацијата, дисфункција на мускулите, вртоглавици, нервози и нарушување на сонот.

Магнезиум хлорид гел јони за опуштање на база на магнезиум хлорид овозможува максимално искористување на магнезиумот во организмот, бидејќи кога ќе се втрие на кожата брзо се ресорбира, а ефектот од дејствувањето се покажува веднаш по примената. Со своите својства за смирување на организмот, го олеснува настапувањето на сонот, помага при мигрени и главоболки предизвикани од предменструалниот синдром, ги ублажува непријатните симптоми што се јавуваат во менопаузата. Се препорачува негова примена при состојби на нервна напнатост, стрес, исцрпеност, премор и несоница. Во својот состав, гелот содржи и етерски масла од лаванда и еукалиптус, кои придонесуваат за пријатно чувство на опуштање и подобрување на нервната спроводливост. Ослободува од насобраните токсини, кои се причина за многу болести и нерамнотежа во организмот. Благотворно дејствува при болки и грчеви во мускулите, ја смалува вкочанетоста и чувството на тежина во нозете. Може да се користи за подготовка на купки за опуштање, како да се втрие на пределот на слепоочницата при главоболки и мигрени.

Се препорачува:

  • при болки во мускулите
  • за ублажување на напнатоста и стресот
  • во состојби на исцрпеност, несоница и главоболка
  • за хидратација и ублажување на знаците на стареење на кожата
  • за детоксикација на организмот
Врати се на врвот