Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.
Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.
Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.
- Екстракт од листот на Aloe vera
- масло од чајно дрво
- пантенол
- витамин Е
- ментол
Екстрактите од листот на Aloe vera и листот од чајно дрво во традиционалната медицина се познати како силни имуностимуланси, природни антисептици и многу ефикасни средства за природна регенерација на кожата.
Етерското масло од чајно дрво спречува развојот на бактериски, вирусни и габични инфекции, како и развој на воспалителни кожни процеси.
Витаминот Е, содржан во гелот, дава дополнителна хидратација, опоравување и ревитализација на кожата.
Aloe vera биоактивниот гел може да се нанесува на лицето и кожата на целото тело.
Се препорачува:
- По сончање, бричење, депилација, епилација, радијација
- Кај полесни изгореници
- Кај алергиски промени на кожата
- Кај црвенила и првутење на кожата
- Кај акни
- Кај екцеми
- Кај убоди од инсекти
- За дополнителна нега на многу сува и чувствителна кожа