Shape Up Whey протеинот е изграден според високи стандарди и содржи само природни аминокиселини, добиени од 100% – на протеинска сурутка.
Протеините од сурутка претставуваат најбогат извор на BCAA аминокиселини: леуцин, изолеуцин и валин, кои имаат значајна улога во изградбата на мускулното ткиво, односно претставуваат 1/3 од мускулното ткиво. Истовремено, тие ги чуваат резервите на гликоген во мускулите од претерано разложување во текот на физичкиот напор.
BCAA аминокиселините се од неизмерно значење за спортистите, бидејќи се метаболизираат во мускулите многу почесто отколку во црниот дроб, со што придонесуваат за брза исхрана и изградба на мускулите. Откако протеинот е разложен на индивидуални аминокиселини, тие пак можат да се искористат за создавање на нови протеини, како и за “гориво” за производство на енергија.
Покрај високото ниво на BCAA, Shape Up Whey протеинот содржи и високо ниво на глутамин, аминокиселина која е од витална важност за изградба на мускулите.
Глутаминот покажува извонредни резултати кај физички активните лица, особено оние кои сакаат да ја зголемат мускулната маса и притоа да ја намалат телесната маснотија. Влијае врз зголемување на клеточниот и мускулен волумен. Покрај тоа, глутаминот е придонесува за правилно и брзо опоравување по тренинг, затоа што помага во имунолошките процеси на организмот.